Кошаркарска победа на суд: ФИБА доби случај против Евролигата

Од:

Апелацискиот суд во Луксембург донесе одлука во корист на ФИБА во случајот околу договор за соработка со “Евролигата”.

Судот, со тоа, само ја потврди првостепената одлука и ја отфрли жалбата на “Евролигата” која побара од “ФИБА” да и плати 900.000 евра плус камати, но и судски трошоци од 2.000 евра.

Евролигата се жалеше на календарот на “ФИБА” што беше донесен во 2012 година, а стапи во сила во 2017 година, бидејќи организацијата со седиште во Барселона смета дека се крши договор на две страни.

“ФИБА” и “УЛЕБ” во 2004 година потпишаа договор за регулирање на европските натпреварувања.

Шест години подоцна, “Евролигата” ги презеде обврските од “УЛЕБ” и исплаќаше годишен надомест на “ФИБА” во износ од 400.000 евра.

Меѓутоа во 2012 година сакаше да го раскине договорот, повикувајќу се на ненајавени промени во календарот на “ФИБА”.

Би можело да ве интересира

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он