Кордоба по 48 години повторно во Примера

Од:

Екипата на Кордоба по пауза од скоро половина век повторно ќе игра во најквалитетната фудбалска лига во Шпанија. Ова е епилогот по двомечот со Лас Палмас за влез во Примера Дивизија.

Откако на првиот натпревар на домашен терен Кордоба одигра 0:0, во реваншот кај Лас Палмас беше 1:1 доволно за голема радост на гостинските фудбалери.

Апоно во 48.минута го доведе Лас Палмас во водство, изедначи Улисес Давиља во 90.минута. По изедначувањето поголема група навивачи влегоа на теренот и натпреварот десетина минути беше во прекин.

Претходно, место во Примера обезбедија Еибар и Депортиво Ла Коруња.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска