Копа дел Реј: Два гола предност за Атлетико против Бетис

Од:

Фудбалерите на Атлетико Мадрид имаат два гола предност против Бетис по првиот натпревар од четвртфиналето во Купот на Шпанија.

Головите на средбата одиграна синоќа на „Винсенте Калдерон“ во Мадрид, за домаќините го постигнаа Фалкао во 11.минута и Филипе во 23.минута.

На другите три први четвртфинални дуели од Копа дел Реј постигнати се овие резултати: Реал Мадрид – Валенсија 2:0, Барселона – Малага 2:2 и Сарагоса – Севиља 0:0.

Реванш натпреварите ќе се играат на 23 и 24 јануари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска