Менаџерот на Челзи, Антонио Конте побара од своите избраници да бидат подготвени на исцрпувачка борба против Барселона в среда навечер во реваншот од осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите.
– Челзи треба да биде подготвен да „страда“ на натпреварот во Барселона ако сака да продолжи во следната фаза од Лигата на шампионите. Кога играш против тим како Барселона, ти треба да бидеш на највисоко ниво. Тие се меѓу најдобрите во светот и треба да бидеш максимално подготвен и борбен. Мојот тим не располага со големо искуство во елитната лига, повеќето од играчите имаат по една-две сезони. Потребен ни е гол и ако ни се пружи шанса треба да ја зграпчиме, изјави Конте.
Првиот натпревар во Лондон заврши нерешено 1:1.