Конте сака да го привлече Канте во Интер

Од:

Интер го дефинираше играчот од средниот ред на Челси, Н’Голо Канте како главна трансфер цел за летото, објави денес „Газета дело спорт“.

„Сините“ се подготвени да ги разгледаат предлозите за 29-годишниот Французин, тврди италијанското издание, иако тој беше дел од плановите на Френк Лампард во неговата прва сезона на „Стемфорд Бриџ“.

Тренерот на Интер, Антонио Конте инсистира на привлекување на Канте, кој беше составен дел на италијанскиот стручњак во Челси, кога тимот од Лондон триумфираше со титулата во Премиер лигата.

Во сезоната 2019/20, играчот од средниот ред одигра 28 натпревари за англискиот тим и постигна 3 гола. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 80 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Словачкиот фудбалер ке го облече дресот на клубот од Париз

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Давиде Фратези е нoв играч на Интер

ВИДЕО: Општа тепачка по дербито на Јувентус и Интер

Предраг Петровиќ

Интер 10 пат по ред ќе има свој претставник во финалето на СП