Апелациониот суд на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) ја потврди дисквалификацијата на напаѓачот на Аргентина, Лионел Меси, кој ја обвини организацијата за корупција за време на Купот на Америка 2019 година, пренесува Мундо Депортиво.
Аргентинската фудбалска асоцијација побара да се намали казната на Меси од три на два месеци, но беше одбиена.
Меси нема да помогне на репрезентацијата на првиот натпревар од квалификацискиот турнир за СП 2022 година.
После загубениот натпревар во Бразил (0:2) во полуфиналето на Купот на Америка, Меси ја критикуваше работата на судијата и КОНМЕБОЛ, кои не го искористија ВАР за да ги видат контроверзните моменти во бразилскиот казнен простор.