Конечно и Барселона загуби

Од:

Дури по 20 одиграни натпревари екипата на Барселона го забележа првиот пораз сезонава во Примера Дивизија. Каталонците и покрај водството од 2:0 загубија на гостувањето кај Сосиедад со 3:2.

На другите три вчерашни натпревари од 20.коло постигнати се следниве резултати: Гранада – Рајо Ваљекано 2:0, Хетафе – Севиља 1:1 и Малага – Селта Виго 1:1.

Во петокот Еспањол – Мајорка 3:2.

Дербито на колото се игра вечерва на „Местаља“ каде Валенсија го пречекува Реал Мадрид. Покрај овој натпревар денеска играат и: Осасуна – Депортиво Ла Коруња, Ваљадолид – Сарагоса и Атлетико Мадрид – Леванте.
Колото утре ќе го заокружат Бетис и Атлетик Билбао.

Табела: Барселона 55 бодови, Атлетико Мадрид 44, Реал Мадрид 37, Бетис 34, Малага 32, Рајо Ваљекано 31,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска