Комплетирано првото коло во квалификациите за ЕП во ракомет

Од:

Со четирите натпревари што се одиграа вчеравечер комплетирано е 1.коло од квалификациите за Европското ракометно првенство што 2018 година ќе се одржи во Хрватска.

Четири дуели се играат денеска, натпреварите од 2.коло на програмата се во текот на викендот.
Изненадувања направија Финска и Романија со гостинските победи, додека Македонија ја совлада Украина во Скопје.

Комплетни резултати на натпреварите од 1.коло.

Група 1: Унгарија – Летонија 24:16 и Данска – Холандија 29:20.

Група 2: Белорусија – Романија 23:26 I Полска – Србија 32:37.

Група 3: Австрија – Финска 27:31 и Шпанија – БиХ 30:21.

Група 4: Македонија – Украина 27:21 и Исланд – Чешка 25:24

Група 5: Словенија – Швајцарија 32:27 и Германија – Португалија 35:24.

Група 6: Русија – Словачка 31:31 и Шведска – Црна Гора 36:21.

Група 7: Норвешка – Белгија 35:26 и Франција – Литванија 37:20.

Натпреварите од 2.коло ќе се играат претстојниов викенд, а најзначаен за над е дуелот во сабота кога во Плзен од 14 часот и 25 минути репрезентацијата на Македонија ќе гостува кај Чешка.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП