Со деветте натпревари кои се играат денеска ќе биде комплетирано 2. коло од квалификациите од Лигата на шампионите.
Во оваа фаза од натпреварување најпознато име е шампионот на Шкотска Селтик, кој ќе гостува кај екипата Клифтонвил од Северна Ирска. Тимот на Селтик лани настапуваше и во групната фаза од ЛШ.
Двојки за денеска:
Ширак – Партизан,
Хелсинки – Номе Каљу
Нефчи Баку – Скендербег
Елфсборг – Даугава
Слајго Роверс – Молде
Слован Братислава – Лудогорец
ТНС – Легија
Ѓер – Макаби Тел Авив
Клифтонвил – Селтик.
Синоќа македонскиот првак Вардар загуби со 3:0 на гостувањето во Букурешт против Стеауа, а на другите натпревари беа постигнати слениве резултати:
Викторија Плзен – Железничар 4:3,
БАТЕ Борисов – Шахтјор Караганди 0:1,
Динамо Тбилиси – Стрејмур 6:1,
Екранас – Хафнарфјордур 0:1,
Шериф – Сутјеска 1:1,
Биркиркара – Марибор 0:0 и
Фола Еш – Динамо Загреб 0:5.