Компани: Агуеро е нашиот херој

Од:

Капитенот на Манчестер Сити, Винсент Компани исто како и неговите соиграчи упати низа пофалби за Серхио Агуеро кој беше најзаслужен за синоќешната победа на англискиот првак против Баерн Минхен.

– Ако сакате да успеете, тогаш мора да имате еден посебен играч кој е во посебна форма. Ако немате таков, тогаш нема да успеете. Ни за среќа го имаме Агуеро. Тој е нашиот „Специјален“ и кога е во форма, се е можно и достижно за нас, рече капитенот на „граѓаните“.

Серхио Агуеро во победата на Сити над Баерн со 3:2 ги постигна трите гола за домашната екипа, од кои два во финишот од средбата и со тоа го остави својот тим во игра за освојување на второто место во групата кое обезбедува пласман во следната фаза од Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска