Клубовите од Супер лигата ги тужат ФИФА и УЕФА

Од:

Дванаесетте клубови од Супер лигата почнаа судска постапка против ФИФА и УЕФА доколку глобалните фудбалски организации продолжат да се мешаат во ова натпреварување.

Според „Газета дело Спорт“, УЕФА може да поднесе барање за 50-60 милијарди евра против екипите кои сакаат да учествуваат на новиот турнир поради рушење на натпреварувачкиот систем. Покрај тоа, УЕФА се заканува дека ќе ги дисквалификува овие клубови од европските натпреварувања.

– Вашата изјава нè принудува да преземеме заштитни мерки за да се заштитиме од ваквите непријателски реакции на УЕФА и ФИФА, кои не само што ги загрозуваат обврските за финансирање според грантот, но што е уште поважно, ќе бидат незаконски. Од оваа причина, „SLCo“ (Супер лига компани) веќе поднесе тужба до судовите за да се обезбеди непречено создавање и функционирање на новиот турнир во согласност со важечкиот закон. Супер лигата ќе се одржи заедно со постојните национални првенства и куп турнири, кои се клучен дел од структурата на европскиот фудбал. Клубовите од Супер лигата не бараат да ја заменат Лигата на шампионите или Лигата на Европа. Нашата цел е да се натпреваруваме во овие турнири и да постоиме заедно со нив, стои во заедничкото писмо на 12-те клубови основачи на Супер лигата.

Новиот турнир се очекува да започне во август 2021 година, а секој клуб учесник во Суперлигата, клубот ќе добие по 350 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана