Клоп за финалето на ЛШ: Потресот на мозокот влијаеше на претставувањето на Кариус

Од:

Потресот на мозокот на голманот на Ливерпул, Лорис Кариус, кој го добил на почетокот на финалето во Лигата на Шампионите по судирот со Серхио Рамос, без сомнение влијаел врз неговите перформанси на теренот, изјави менаџерот Јирген Клоп.

Иако од натпреварот помина повеќе од еден месец, коментарите за случката остануваат, откако Германецот му „асистираше“ на Карим Бензема за првиот гол на Реал Мадрид, а потоа не успеа да се справи со ударот од далечина на Герет Бејл и на крајот „црвените“ изгубија со 1:3.

– За мене, тоа го објаснува неговото претставување. Прилично сум сигурен дека бил под влијание на судирот. Ние не го користиме ова за да го оправдаме, туку за објаснување, рече Клоп, чиј тим веќе ги започна тренинзите пред новата сезона.

Во деновите по финалето, Кариус доби смртни закани, но, сепак, се подложи на тестови, кои покажаа дека навистина добил потрес на мозокот и за Клоп тоа е сосема доволно, иако признава дека првично не мислел за таква можност и бил насочен кон неа од Франц Бекенбауер.

– Навистина се замислив како е можно, откако момчето не покажуваше никакви слабости, да допушти слични грешки. Затоа решив да провериме навистина и резултатите се категорични, бидејќи дури пет дена по финалето тој одговараше на 26 од 30 симптоми за потрес, рече уште Клоп.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска