Клоп спречен да присуствува на погребот на мајка му поради ковид-рестрикциите

Од:

Менаџерот на англискиот првак Ливерпул, Јирген Клоп, е спречен да присуствува на погребот на својата мајка во германска област Шварцвалд, поради патните рестрикции поврзани со коронавирусот.

Германскиот тренер, кој од 2015 година седи на клупата на Ливерпул, изјави денеска за германските медиуми, дека патните ограничувања и правилата за карантин во Велика Британија и Германија, го оневозможиле да присуствува на последното испраќање на својата мајка Елизабет.

– Таа беше мајка во вистинска смисла на зборот и ми значеше сè во животот. Неможноста да присуствувам на погребот е последица на ова ужасно време, но еден ден, кога условите тоа ќе го дозволат, ќе организираме прекрасен помен, изјави Клоп за германскиот весник „Шварцвалдер Боте“.

Поради патните ограничувања Ливерпул неодамна не доби дозвола од германските власти идниот вторник да го одигра во Лајпциг првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони и пресметката со бундеслигашот со одлука на УЕФА е преместена во Будимпешта.

Би можело да ве интересира

Клоп: Од утре за нас секој натпревар е квалификациски

Горан Наумовски

Два милиона Британци страдаат од долгорочен Ковид

Летово во Германија ќе може да се патува без тест и без потврда за вакцинација против Ковид-19

Објавен извештајот за „партигејт“

Британија подготвува есенска кампања за зајакнување на имунитетот против Ковид-19

Борис Џонсон меѓу казнетите за забавите на Даунинг стрит за време на локдаунот