Објавен извештајот за „партигејт“

Од:

Во Велика Британија денеска беше објавен извештај за забавите на Даунинг стрит за време на забраната за собири, во кој се наведува дека одговорноста за културата на однесување што доведе до прекршување на правилата во кабинетот на премиерот Борис Џонсон мора да ја сносат тие што имаат највисоката функција.

Во долгоочекуваниот извештај на високата државна истражителка Сју Греј за така наречениот скандал „партигејт“ се наведува дека културата што ги овозможила настаните што се случиле „никогаш не смее да се повтори“.

Пред сè, високото раководство, и политичарите и функционерите, мора да одговараат за оваа култура, се наведува во извештајот од 37 страници.

Греј истражуваше 16 митинзи на кои присуствуваше премиерот Џонсон и неговиот персонал во 2020 и во 2021 година, додека на луѓето во Обединетото Кралство им беа забранети социјални контакти во согласност со рестриктивните мерки воведени од конзервативната Влада.

Таа додаде дека се забележани „неуспеси на раководството и во процените“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

А1он

Џонсон за еден говор во САД заработи повеќе од 300 илјади долари

Борис Џонсон го спореди Путин со Милошевиќ: Мистичниот сојуз меѓу Косово и Белград е сличен на Русија и Киев

А1он

Борис Џонсон се повлече од трката за премиер: „Сега не е време“

Горан Наумовски

Џонсон е подготвен да се кандидира за нов премиерски мандат

Горан Наумовски