Клоп со радост ја прими веста за симнувањето на дисквалификацијата на Манчестер сити

Од:

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја коментираше одлуката на Судот на арбитража за спорт (КАС) за откажување на дисквалификацијата на Манчестер сити во евро-куповите.

– Среќен сум што Манчестер сити ќе може да игра во Лигата на шампионите следната година. Доколку оваа екипа имала 10-12 натпревари помалку следната сезона, тогаш другите екипи од Премиер лигата не би имале шанса да се натпреваруваат со неа во борбата за титулата во лигата, изјави Клоп.

Претходно, Сити беше казнет со забрана за настап во европските купови две години и парична санкција со 30 милиони евра, поради нарушување на финансискиот фер-плеј, но КАС ја одобри жалбата на англискиот клуб и ја откажа дисквалификацијата, како и ја намали казната на 10 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска