Клоп: Салцбург не го издржа нашето темпо

Од:

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше задоволен од играта на неговиот тим во натпреварот во Лигата на шампионите со Салцбург (2:0). Според Германецот неговите избраници наметнале темпо кое домаќините не можеа да го издржат.

– Беше тежок натпревар, но покажавме тоа што го барав од мојот тим. Салцбург играше паметно, но ние создадовме одлични шанси. Во второто полувреме противникот веќе не можеше да се справи со интензитетот на играта што го наметнавме. Мојот тим играше без потценување на ривалот. Јас навистина го почитувам она што го прави Салцбург. Видовме колку се добри тие на натпреварите со Генк и Наполи, истакна Клоп.

Ливерпул како првопласиран во групата обезбеди пласман во плејофот на Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска