Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, зборуваше три дена по елиминацијата на Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите (4:0 во вториот натпревар по 0:3 во првиот). Клоп ја коментираше и големата борба меѓу Тотенхем и Ајакс, по што Тотенхем продолжи напред со повеќе голови на гостински терен (3:3).
Клоп смета дека овие две екипи, плус Ливерпул, се обединуваат околу тоа дека не сè во фудбалот се врти околу парите.
– Луѓето зборуваат за пари и слични нешта. Но, ако погледнете не само во полуфиналето, ќе разберете дека не се работи само за пари. Парите не се најважни, го покажавме тоа. Тотенхем имаше пократок летен одмор, и мораше да се справи со тоа. Ние продолживме напред поради нашата желба, истото важи и занив. Луѓето очекуваа да гледаат финале помеѓу Манчестер Сити и Барса.
Во лига Европа пак имаше тимови како Наполи, Валенсија и Атлетико Мадрид – многу силни ривали кои не се послаби од нас, рече Клоп пред последниот дуел за сезоната во недела со Вулверхемптон.