Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази несогласување со претпоставките дека Ливерпул ќе отпаднат намерно од Лигата на Шампионите, за да ги фокусираат сите свои сили врз битката за титулата во Премиер лигата.
Вечерва „црвените“ гостуваат на Баерн (Минхен) во реванш-дуелот од осминафиналната фаза на турнирот. Првиот меч заврши со резултат 0:0.
– Не мислам дека има друг тренер кој треба да одговара на вакво прашање. Тоа се случува само ако си менаџер на Ливерпул, а аналитичарите се од Манчестер Јунајтед. Тие зборуваат постојано за тоа. Лесно е да седиш во канцеларија или во студио и да зборуваш слични нешта. Сега сме близу до крајот на сезоната и вие мислите дека е прифатливо да отпаднеме од Лигата на шампионите, без да се обидеме да продолжиме напред? Тоа е вистинска лудост. Не се лутете, но е вистинска лудост дека постојано треба да одговарам на овие прашања, изјави Клоп.