Клоп: И Салах и Мане го заслужуваат признанието најдобар играч во Африка

Од:

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека наградата за најдобар играч во Африка заслужува да ја добијат и Садио Мане и Мохамед Салах.

– Следната недела Садио и Мо ќе заминат во Египет на доделување на наградата за најдобриот играч од Африка во 2019 година. Можам да замислам колку е тешко да се избере најдобриот. Јас немам идеја. Обајцата ги сакам. Тие се неверојатни играчи. Затоа, не знам како ќе биде одлучено, но некој ќе ја донесе таа одлука. И Салах и Мане ја заслужуваат оваа награда, рече Клоп.
Претходно беше познато дека Салах, Мане, како и играчот од средниот ред „Ман сити“ Ријад Марез станаа тројца главни претенденти за наградата за фудбалер на годината во Африка.

Церемонијата на прогласување на најдобриот ќе се одржи на 7 јануари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач со моторна пила направи хаос на трибините

Предраг Петровиќ

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска