Клоп: Досега добро игравме дома, а вечер треба да бидеме уште подобри

Од:

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во пресрет на натпреварот од 6. круг од групната фаза на Лигата на шампионите против Наполи, рече дека неговиот тим досега добро се справуваше со противниците на свој терен, а за вечерашниот натпревар со Наполи рече дека ќе мора да бидат уште подобри.

-Дома досега функциониравме добро. Не очекува уште еден натпревар од Лигата на шампионите на домашен терен. Вечер против Наполи мораме да бидеме уште подобри. Не успеавме да освоиме бодови на трите гостувања во групата, па сега за да одиме во следната фаза ни треба триумф над Наполи, изјави Клоп.

Првиот натпревар во Неапол заврши со победа на италијанскиот тим 1:0, па сега „црвените“ ќе „бркаат“ поубедлив триумф.

Средбата на „Енфилд“ почнува во 21 часот.

Табела Ц-група пред одигрување на последното коло:
1.Наполи 9 бода
2.Псж 8
3.Ливерпул 6
4.Црвена ѕвезда 4.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска