Кличко со нов спектакл во мај

Од:

Украинскиот боксер, Владимир Кличко ќе ги брани четирите титули во тешка категорија против италијанскиот боксер, Франческо Пјанета. Мечот ќе се оддржи на 4-ти мај во Манхајм, Германија .

Пјанета минатата година му беше спаринг партнер на Кличко кој е сопственик на титулите во ИБФ, ИБО, ВБО и ВБА верзијата. Следниот предизвикувач на Кличко е непоразен, и има 28 победи и едно реми.

Боксерите си разменија по некој збор со почит окн противникот, но и со закани. Украинецот наведе дека го почитува Пјанета поради неговата младоста и борбениот дух, додека предизвикувачот, полн самодоверба, наведува дека ќе го нокаутира Кличко и на тој начин ќе направи нешто што никогаш го немало во светот на боксот.

Владимир Кличко во кариерата има 59 победи и 3 порази. Последен пат ја одбрани титулата во ноември минатата година против Полјакот Маријуш Вах.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја