Кличко останува шампион

Од:

Владимир Кличко го победи предизвикувачот Александар Поветкин, во мечот на деценијата, кој се одржа на Олимпискиот стадион во Москва.

Украинскиот боксер победи со едногласна одлука на судиите, тројцата судии идентично бодуваа (119-104).

Рускиот боксер, од стартот, избегнуваше отворена борба често влегуваше во противникот, но Кличко максимално ја контролираше ситуацијата.

Поветкин прв пат се најде на подот во втората рунда, но не беше сериозно размрдан и без проблеми ја продолжи борбата.

Кличко, во свој стил боксуваше без премногу ризик, што не и се допаѓаше на публиката, се до седмата рунда кога два пати го испраќаше на подот својот противник.

Украинецот, тука почувствува дека Поветкин е сериозно размрдан но до крајот на рундата не успеа да го заврши мечот.


Во преостанетите пет рунди, Кличко, со оглед на предноста која ја создаде, боксуваше без премногу ризик, а Поветкин немаше сила посериозно да го нападне.

Кличко против Поветкин ги одбрани титулите во верзиите на IBF, IBO, WBO и WBA, тој во рингот е непоразен уште од 2004 година кога со технички нокаут загуби од Лемон Брустер.

Поветкин, по 26 победи, од кои 18 со нокаут, го забележа првиот пораз во професионалната конкуренција. За разлика од него Кличко во 64-от меч ја забележа својата 61-ва победа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја