Кличко ќе боксува на Олимпијадата во Бразил

Од:

Боксерскиот светски шампион во тешка категорија, Украинецот Владимир Кличко денеска најави учество на Олимписките игри во Рио во 2016 година.

– Се надевам дека Меѓународното аматерско раководно тело ќе има разбирање и дека за две години ќе бидам здрав и мотивиран да се натпреварувам на ЛОИ. Би било феноменално да после 20 години повторно освојам олимписки трофеј, изјави 38-годишниот боксер, пренесе агенцијата Интерфакс.

Помладиот од браќата Кличко освои златен медал на Олимпијадата во Атланта 1996 година. Тој во досегашната кариера има биланс од 62 победи (52 со нокаут) и само три порази.

Кличко во неделата ја одбрани титулата во четирите верзии – ВБА, ВБА, ИБО и ИБФ, откако во Оберхаузен со нокаут во петтата рунда го победи Алекс Липаи од Австралија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја