Кинеските сопственици на Интер, „Сунинг Груп“ инвестирале речиси половина милијарда евра во клубот во последниве две години.
Групацијата платила 474 милиони евра, од моментот кога го презема гигантот од Милано.
Анализата на „Калчо и Финанца“ покажува дека групата инвестирала просечно 237 милиони евра годишно.
„Неразурите“ забележаа значителен раст на пазарот, а кинеските бизнисмени го зголемија основниот капитал на клубот за 142 милиони евра.