Кинези му понудиле 300 милиони на Реал, Роналдо одбил

Од:

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо доби неверојатна понуда од Кина „тешка“ 300 милиони евра, само за трансфер и повеќе од 100 милиони евра годишна плата, откри денеска неговиот менаџер Жорж Мендеш.

Тој додаде дека Роналдо отфрлил можност да се префрли во неименуван кинески клуб со што за речиси петпати повеќе би се надминал рекордот во заработувачка, а за трипати само за висина на трансфер.

– Парите не се се. Реал Мадрид е клуб за цел живот. Кристијано е среќен во Реал и трансфер во Кина е невозможен. Кинезите може да купат многу играчи, но не и најдобриот во историјата. Сепак, на нив е да се обидат, изјави Мендеш за Скај.

Роналдо минатиот месец потпиша нов договор со Реал до 2021 година со годишна заработувачка од околу 25 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска