Кина домаќин на Светското првенство во кошарка во 2019 година

Од:

Меѓународната кошаркарска федерација ФИБА и ја додели организацијата на Светското првенство во кошарка во 2019 година на Кина.

Оваа азиска земја заедно со Филипини беа единствените кандидати за организација на Мундобаскетот.

Централниот борд на ФИБА на гласањето со 14:7 и ја додели организацијата на Кина. Прославен кинески кошаркар Јао Минг, ја имаше улогата на Амбасадор на Кина при презентацијата.

Кина ќе биде првпат домаќин на едно Светско првенство во кошарка, а шампионатот ќе се одржува во седум градови: Пекинг, Шенжен, Гвангжу, Сужу, Фошан, Вухан и Донгуан.

На првенството првпат ќе учествуваат 32 репрезентации, а директен пласман има обезбедено само домаќинот Кина. Квалификациите ќе почнат во ноември 2017 година и ќе траат до февруари 2019 година. Натпреварите ќе се играат во групи по принципот дома-гости, а за квалификациите се пријавени околу 140 земји.

На европскиот дел од квалификациите ќе играат 32 репрезентации рангирани според резултатите постигнати последните пет години и се очекува и Македонија да биде меѓу тие кои ќе играат во квалификациите.

Репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи по четири селекции, а трите најдобри ќе играат во следната фаза во која ќе бидат формирани нови четири групи по шест репрезентации. Трите најдобри од секоја група или вкупно 12 од европските квалификации ќе играат на Светското првенство.

ФИБА следниот шампионат во Кина ќе го организира на пет години (претходниот беше 2014 година во Шпанија), со цел да избегне совпаѓање со фудбалскиот Мундијал, кој ќе се игра во 2018 година.

Би можело да ве интересира

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он

Македонскиот братски судиски тандем Митровски испиша историја во ФИБА купот

Ана Ололовска

ФИБА Еврокуп: Куманово убедливо поразен во четвртфиналето од квалификациите

А1он

ТФТ поразен во квалификациите за ФИБА Еврокупот

А1он