Кике Сетиен: Вчера бев меѓу крави на село, а денес во клупската база на Барса меѓу најдобрите играчи

Од:

Новиот ментор на Барселона, Кике Сетиен, официјално е претставен пред медиумите.

На својата прва прес-конференција, тој изрази возбуда од шансата која му е дадена да го води тимот.

– Прво, би сакал да му се заблагодарам на клупскиот менаџмент што сум тука. Дури и во моите најлуди соништа, никогаш не го замислував тоа. Јас сум многу емотивна личност и денес е посебен ден за мене. Јас сум возбуден за овој проект и од овој предизвик. Најважно е да се обидам да им го пренесам на моите играчи мојот ентузијазам и желба. Вчера шетав меѓу кравите на село, а денес сум во клупската база на Барселона, тренирајќи ги најдобрите играчи на светот во тим кој никогаш не би можел да го подобрам бидејќи тоа е максимумот, изјави Сетиен.

Тој изјави и дека отсекогаш имал добри односи со Ернесто Валверде.

– Јас ја ценам работата што ја направил и ќе се обидам да останам во контакт со него затоа што има многу работи од неговиот престој, кои ќе ни бидат од корист. Во месеците во кои очекував да преземам нов тим, мислев дека ќе таков кој заостанува во пласманот и е во лоша низа. Загубата во Суперкупот може да има последици, но морам да му се заблагодарам на Валверде за работата што ја направи и за ситуацијата во која го најдов тимот. Не е нормално да напуштиш тим, што е на прво место во пласманот, вели тренерот на Каталонците.

Според Сетиен, Барса ќе продолжи на својот пат и ќе се подобри на секој можен начин. Неговата цел е да ги освои сите можни трофеи оваа сезона.

– Работите ми се многу јасни. Јас секогаш ги слушам другите, но многу е тешко да се одречам во тоа што сум убеден. Јас сум првиот што го бранам мојот тим и умирам со моите идеи. За Барса нема друг начин освен да се подобруваме секоја година и да освоиме што повеќе трофеи додека играме добро, смета тој.

И покрај неговото воодушевување кон играчите на Барселона, новиот стратег на „Камп Ноу“ посочи дека секој од нив „треба да си го знае своето место“.

– Зборував со неколку играчи, не само со Лионел Меси, кој е посебен и единствен случај. Не се двоумам да признаам дека последните 12-13 години уживав во секој натпревар на Барселона на ТВ, рече Сетиен.

Би можело да ве интересира

Меси е првиот играч кој постигнал гол во Ла Лига 16 години по ред

Ана Ололовска

Сетиен дебитира со победа

Ана Ололовска

Сетиен донел одлука за Видал

Ана Ололовска

Тренерскиот тандем Чави – Иниеста не звучи лошо, вели Андрес

Ана Ололовска

Чави за одбивањето на Барса: Прерано е за мојата тренерска кариера

Ана Ололовска

Валверде суспендиран на еден натпревар за црвениот картон во шпанскиот Супер куп

Ана Ололовска