Кике Санчез Флорес: Ако сака Меси може да постигне хет-трик на секој меч

Од:

Тренерот на Еспањол, Кике Санчез Флорес, по синоќешниот пораз од Барселона, искажа пофални зборови за ѕвездата на противникот.

– Меси е играч кој внесува убавина во фудбалот. Тој може да го смени текот на секој натпревар. Ако сака може да постигне хет-трик на секој дуел. Тој никогаш не се жали, не лежи без потреба на теренот, никогаш не се буни, изјави Флорес кој беше посочен од шпанските медиуми дека по натпреварот тргнал кон Меси да му го бара дресот.

Му честитав на неговата скромност. Не знам веќе колку имам негови дресови. Мојот син е фан на Барселона и секогаш ми го бара дресот на Меси, откри тренерот на Еспањол.

Барселона синоќа во градското дерби го совлада Еспањол со 4:1.Меси беше стрелец на четвртиот гол.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска