Кејн вети: Ќе играм на ЕП 2020

Од:

Капитенот на Англија, Хари Кејн е уверен дека ќе биде подготвен за Европското првенство и ќе се врати во игра за Тотенхем на почетокот од следниот месец.

Напаѓачот е надвор од игра уште од новогодишните празници, кога се повреди во поразот од 0-1 против Саутхемптон и потоа беше принуден да легне под нож. Сепак, Кејн добро напредува со неговото закрепнување, а менаџерот на „петлите“, Жозе Мурињо откри дека може да биде подготвен за последните „три, четири или пет“ натпревари од кампањата во Премиер лигата.

Во интервју за магазинот „Ивнинг стандард“, Кејн го сподели следново: „Јас дефинитивно сум фокусиран на ЕП 2020. Освен ако не се случи нешто драстично помеѓу моментов и првенството, ќе бидам таму. Сè уште не сум продолжил со тренинзите со првиот тим, но напорно работам во теретана, се подобрувам секој ден. Прашање на уште неколку недели е кога ќе можам повторно да играм. Не сакам да предвидам кога ќе се вратам, но се надевам дека ќе се случи помеѓу почетокот и средината на април“.

Тотенхем гостува на Бурнемаут на 18 април пред дербито на Северен Лондон со Арсенал следната недела. Составот ја завршува кампањата со гостувања кај Њукасл и Кристал Палас, а измеѓу емеч дома со Лестер. Кејн успеа да се опорави брзо од неколку повреди во последните сезони.

Иако инсистираше дека нема да биде избрзан со неговото враќање во игра, Мурињо минатата недела изјави дека Кејн е играч кој „не прифаќа протоколи“.

– Ќе видиме што ќе се случува со Хари. Тој е голем професионалец и борец и сака да се врати што е можно поскоро. Што значи „што е можно поскоро“? Немам поим, изјави тој.

ЕП 2020, што ќе се одржи во 12 земји низ целиот континент, започнува на 12 јуни.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска