Шампионот на Казахстан, Шахтјор Караганди е на чекор до пласман во групите од Лигата на шампионите откако вечерва во првиот бараж дуел од Лигата на шампионите го совлада пракот на Шкотска, Селтик со 2:0. Стрелци на головите беа Андреј Финонченко во 12. минута и Сергеј Кизнинченко во 77. минута.
Во тек вечерва се дуелите: Викторија Плзен – Марибор, Фереира – Зенит, ПСВ – Милан и Олимпик Лион – Реал Сосиедад.
Утре на програмата се дуелите: Фенербахче – Арсенал, Динамо Загреб – Австрија Виена, Лудогорец – Базел, Шалке – ПАОК и Стеауа – Легија.
Реванш натпреварите се играат следните вторник и среда.