Кавани од наредната сезона во Реал

Од:

Соиграчот на Горан Пандев и најдобар стрелец на Наполи, Едисон Кавани, од наредното лето ќе биде дел од нападот на мадридски Реал.

Според шпанскиот весник „Спорт“, уругвајскиот голгетер се согласил од следната сезона да заигра за „кралскиот клуб“. Претседателот на Реал, Флорентино Перез и менаџетот на Кавани веќе ги договориле деталите од договорот.

Вредноста за трансферот не се објавува, но според сегашниот договор на Кавани со Наполи, тој може да го напушти италијанскиот клуб ако некој плати за него 63 милиони евра. Во Реал, како што пишува „Спорт“, сепак се надеваат дека ќе го доведат Кавани во Мадрид за помалку пари.

Перез е подготвен да плати 50 милиони евра и да испрати во Неапол некој од фудбалерите на кои Реал не смета за наредената сезона.

За Кавани беа заинтересирани и Пари Сен Жермен и Манчестер сити, но тој го избрал Реал.

Едисон Кавани на 121 натпревар за Наполи има постигнато 93 голови. За репрезентацијата на Уругвај натспил 45 пати и бил стрелец на 13 погодоци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска