Кастратовиќ: Одговорноста за поразот ја преземам на себе

Од:

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар вчера од Татран Прешов од Словачка го доживеа првиот пораз во СЕХА лигата. Оваа екипа втора сезона по ред успева да победи во Скопје во ова натпреварување.

-Одговорноста за овој пораз ја преземам на себе. Очекував силен противник, ова е искусна и воиграна екипа и тоа го покажа уште еднаш. Натпреварот го  загубивеме во нападот во прво полувреме. Брзавме  во нападот, шутиравме од неизградени позиции и примавме лесни голови во контранапад.

– Одбраната не функционираше од аспект на агресивноста, во таа наскоа имам замерка за моите играчи. Во првите минути игравме подобра одбрана отколку во другите две третини од натпреварот во кои не успеавме да најдеме начин да го сопреме Татран Прешов. Овој пораз е најголема шлаканица за мене како тренер, изјави тренерот на „црвено-црните“ Зоран Кастаровиќ по натпреварот.

Вардар во СЕХА лигата следниот натпревар го игра во сабота во Нови Сад против Војводина.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП