Голманот на Реал Мардид, Икер Касиљас се опоравува побрзо од очекуваното, па на теренот би можел да се врати некаде на средината од март.
Да потсетиме голманот на Реал Мадрид и шпанската репрезентација го скрши палецот во јануари на дуелот против Валенсија, и се предвидуваше дека подолго ќе отсуствува од терените.
„Работите одат добро после операцијата, можам да мрдам со палецот и лекарите очекуваат дека ќе бидам спремен во рок од четири недели“ – изјави Касиљас.
На голот на Реал, Касиљас го замени Диего Лопез кој пристигна од Севиља.