Касиљас, Рамос и уште 13 други фудбалери бараат Мурињо да го напушти Реал

Од:

Во анкетата која претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја спровел меѓу фудбалерите на „кралскиот клуб“, дури 15 од нив се изјасниле дека сакаат тренерот Жозе Мурињо да го напушти клубот.

Според шпанските медиуми двајца од 15.те „противници“ на Мурињо сигурно се Икер Касиљас и Серхио Рамос.

Неволјата за Перез е уште поголема, поради изјавите на петмина играчи дека се подготвени да си одат од Реал доколку Мурињо и следната сезона биде на тренерското место во клубот со кој годинава игра полуфинале во Лигата на шампионите, но ја загуби титулата во шпанското првенство.

Медиумите шпекулираат со сигурно заминување на Португалецот од кормилото на Реал, а вакви информации во текот на денешниот ден има се повеќе како резултат на високиот пораз синоќа од Борусија во Дортмунд со 4:1.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска