Шпанскиот голман и член на Порто Икер Касиљас е новиот рекордер по број на настапи во фудбалската Лига на шампиони. Тој на синоќешниот дуел со Челзи го запиша својот 152. настап во елитното натпреварување.
Пред Касиљас рекордер по бројот на настапи беше легендарниот играч на Барселона, Чави Ернандес со 151 натпревар.
Касиљас рекордот го прослави со победа на Челзи од 2:1.
34-годишниот шпански репрезентативец професионалната кариера ја започна на 17 годишна возраст во Реал Мадрид каде остана се до крајот на мината сезона кога се пресели во Порто. За Реал има забележано 510 настапи, а за шпанската репрезентација 163.