Касиљас нов рекордер по број на настапи во евро-куповите

Од:

Шпанскиот голман Икер Касилјас се запиша во историјата на фудбалот како играч со најмногу настапи во европските купови.

Тој синоќа беше на голот на Порто на средбата од ЛШ со Јувентус, забележувајќи го својот 175. настап во европските клупски натпреварувања со што го надмина поранешниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини кој застана на 174 настапи.

Касиљас и покрај рекордот нема да го памти по добро мечот со Јувентус, бидејќи Порто загуби со 1:0 и е елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампионите.

На вечната листа по Касиљас и Малдини се Џави (173), Кларенс Сидорф (163), Раул Гонзалес (161),…

Освен Чави другите играчи не се веќе активни професионално на фудбалските терени, но 37-годишниот Чави игра во Катар и тешко дека повторно ќе заигра во европските купови, што значи дека Касиљас уште долго ќе биде фудбалер со најмногу натпревари на континенталните купови.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска