Касиљас негираше дека сопира со фудбалот

Од:

Легендарниот шпански голман, Икер Касиљас ја негираше веста дека ја прекинува својата фудбалска кариера. Голманот на Порто доживеа срцев удар, по што му беше поставен стент. Касиљас моментално се опоравува по операцијата.

Многумина веруваа дека голманот веќе го одиграл својот последен натпревар во својата гламурозна кариера, а денес медиумите во Португалија објавија дека Касиљас одлучил да се пензионира.

Сепак, неколку часа подоцна, фудбалерот ја искористи својата официјална сметка на Твитер за да ги оспори тие шпекулации.

– Здраво на сите. Повлекување, ќе дојде ден и за тоа. Ќе соопштам, кога ќе дојде тој ден. Сега ми треба само душевен мир. Вчера имав преглед со д-р Филип Маседо. Сè е во ред. Ова е најголемата вест што сакам да ја споделам со сите вас“, пишува Икер Касиљас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска