Касиљас на клупата и против Гранада

Од:

Се поверојатно е дека Икер Касиљас ќе замине од Реал Мадрид, откако и на мечот со Гранада кој Реал го доби со 1:0, тој му беше резерва на Диего Лопез.

Првиот голман на шпанската репрезентација, местото во стартниот тим го загуби минатата сезона кога тренер на Реал беше Жозе Мурињо, а работите не се сменија ниту по доаѓањето на Карло Анчелоти.

Очигледно дека Португалецот не бил причината што Касиљас седи на клупата за резерви, последен пат тој бил стартер во тимот на Реал пред седум месеци.

Касиљас, со оглед на ситуацијата во која се наоѓа, ќе се реши да го напушти клубот, бидејќи следната година ќе се одржува светското првенство, а доколку не биде стартер во клубот извесно е дека ќе го загуби местото во стартниот состав на Шпанија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска