Португалскиот фудбалер од редовите на кинескиот Шангај СИПГ, Рикардо Карваљо е осуден на затворска казна од седум месеци поради затајување на данок во Шпанија.
Шпанскиот суд соопшти дека 39-годишниот Карваљо за време на судењето признал дека затаил данок. Тој најверојатно нема да оди во затвор, бидејќи осудените на помалку од 2 години затвор за првиот прекршок се суспендираат во Шпанија.
Поранешниот фудбалер на Челзи и Реал Мадрид ќе мора да плати 143 илјади евра за грешките кои што ги направил во 2011. и 2012. година кога играше за Реал Мадрид.
Судот не наведе колкав износ данок затаил Карваљо, додека британските медиуми шпекулираат со цифра од околу 546 илјади евра.