Првиот натпревар од 12.коло од АБА лигата се игра попладнево во Задар. Македонскиот претставник Карпош Соколи гостува кај истоимената домашна екипа.
Карпош Соколи по триумфот во претходното коло против финалистот Цедевита посакува да „врзе“ уште една победа и да направи скок на табелата во ова натпреварување.
Во редовите на екипата од Скопје, ново име е американскиот плејмејкер Џејшон Пејџ. Почетокот на натпреварот е во 18 часот.
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродорм во оваа рунда во недела го пречекува тимот на Будуќност.
Двојки на другите дуели од 12.коло: Игокеа – Морнар, Крка – Партизан, Цедевита – Олимпија (сабота), Мега – Цибона (недела) и Црвена Звезда – ФМП (понеделник).
Табела: Црвена Звезда 11-0 (победи-порази), Будуќност 10-1, Партизан 8-3, Цедевита 7-4, Цибона 7-4, Игокеа 6-5, Мега Лекс 4-7, Крка 5-5, Задар 4-7, Морнар 3-8, ФМП 3-8, МЗТ Скопје А. 3-8, Олимпија 3-7, Карпош Соколи 2-9.