Кошаркарите на Карпош Соколи вечерва пред својата пулбика во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекуваат составот на ФМП, во еден од трите натпревари од 21. коло на регионалната АБА лига.
Тимот на Карпош Соколи кој е во серија од пет победи во низа на домашен терен, ќе се обиде да му се реваншира на ФМП за поразот во првиот меч, кога во неизвесна завршница „соколите„ загубија со 67-62.
Ова е дуел на две екипи од долниот дел на табелата, кои досега имаат учинок од 8 победи и по 12 порази и се на само две победи повеќе во однос на екипите кои се во зоната за испаѓање.
Натпреварот ќе се игра во вечерниот термин од 21 часот, а претходно ќе се одиграат средбите Крка – Мега Лекс и Морнар – Цедевита.
Утре на програмата се три дуели:
12:00 Игокеа – Задар,
18:00 Партизан – Црвена Звезда,
21:00 Унион Олимпија – МЗТ Скопје Аеродром.
Колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата Цибона – Будуќност.
Табела: Црвена Звезда 20-0 (победи-порази), Партизан 15-5, Цедевита 14-6, Будуќност 14-6, Цибона 11-9, Олимпија 9-11, Игокеа 9-11, ФМП 8-12, Карпош Соколи 8-12, Крка 7-13, Морнар 7-13, Мега 6-14, МЗТ Скопје 6-14, Задар 6-14.