Екипата на Карпош Соколи за напуштањето на теренот на синоќешниот дуел од БИБЛ лигата со Теодо, ќе биде казнета.
Натпреварот го загуби со службени 0-20 и притоа не добива бод, а има и финансиска казна од 10.000 евра. Екипата на Карпош Соколи теренот го напушти на 2:45 минути до крајот на третиот период при резултат 60:61 за Теодо.
Македонскиот тим натпреварот го напушти незадоволен од судиските одлуки.
Раководството на БИБЛ лигата финансиската казна ја изрече по два основа, за тоа што Карпош Соколи да не го доигра натпреварот со Теодо, како и за неправилен настап на дуелот против Куманово.
„Соколите“ ќе треба да платат 5.000 евра парична казна за напуштањето терен, а казнa од 5.000 евра има и за дуелот со Куманово, кога на теренот немало ниту еден домашен играч, како што е предвидено во пропозициите.
БИБЛ побара од Карпош Соколи до утре да уплати 6.000 евра на сметката на лигата, доколку сака да продолжи да се натпреварува.