Карлос Саинс: Секој пилот во Ф1 ќе победи во болидот на Мерцедес, но не против Хамилтон

Од:

Возачот на Мекларен, Карлос Саинс реагираше на коментарот на неговиот поранешен клупски колега Макс Верстапен, кој верува дека 90 проценти од возачите во Формула 1 би победиле во Мерцедес.

– Тешко прашање, но јас се согласувам со Макс. Деведесет проценти веројатно би победиле на трките и пол-позициите во болидот на Мерцедес. Но, ако против себе го имаат Хамилтон, тогаш ниту еден процент од нив немаше да победи. Како и да е, ако го оставиме Хамилтон надвор од конкуренцијата, тогаш, веројатно, сите што беа во трките ќе победеа во Мерцедес. Ова најдобро го одразува она што се случува во денешната Формула 1, но исто така покажува дека Хамилтон е еден од најдобрите – иако вози со најбрзиот болид, изјави Сајнс.

Неодамна Хамилтон ја обезбеди седмата титула светски шампион во Формула 1 и се изедначи по бројот на трофеи со Михаел Шумахер.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин