Кариус: Го предадов тимот

Од:

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус презеде вина за поразот на неговиот клуб во финалето, откако прими два смешни гола за победа на Реал Мадрид со 3:1.

– Во моментов не чувствувам ништо. Го загубив натпреварот и жалам. Им се извинувам на моите соиграчи и сите поврзани со клубот. Ако можев да го вратам времето назад, ќе го направев тоа. Жал ми е, бидејќи денес ги предадов колегите, рече тој по мечот.

Германецот додаде дека неговите грешки во финалето го чинеле прескапо целиот тим.

– Тешко е да се зборува, но тоа е животот на голманот. Должен сум да кренам повторно глава. Во моментов, сепак само жалам за она што се случи, бидејќи овие голови се по цената на трофеј, додаде Кариус.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска