Каратистот Мартин Стојменов спортист на Кочани за 2016 година

Од:

Во организација на општина Кочани, Сојузот на спортови на општината и спортските новирани, синоќа во Кочани беа прогласени најуспешните спортисти на општината за минатата 2016 година. Титулата и годинава му припадна на каратистот Мартин Стојменов, член на Карате клубот „Партизан“ од Кочани, кој минатата година имаше најголеми спортски резултати на натпревари во Македонија и Европа.

– Посебно сум среќен што и годинава титулата спортист на Кочани за 2016 година ја добив благодарение на постигнатите спортски резултати на домашни но и меѓународни натпреварувања. Особено впечаталив беше мојот настап на меѓународниот куп натпревар каде што во конкуренција од 12 натпреварувачи во мојата категорија го освоив првото место, изјави Мартин Стојменов.

За најуспешен млад надежен спортист е прогласен Горги Петров од Карате клубот „Партизан“, додека за најуспешна екипа беше прогласена екипата на КК„Партизан“ од Кочани. Оливер Коцев од истата екипа е најуспешен тренер, а наградата за посебни резултати постигнати во спортот му беше доделена на Лазар Балдазаров од Градскиот фудбалски клуб „Осогово“ за неговата 50-годишна работа во фудбалот.

За спортски личности на годината беа прогласени Тошо Андов од Планинарското друштво „Осогово“ за неговиот подвиг искачување на највисокиот врв во Европа – Елбрус, како и на Борис Поп Георгиев и Лоранс Марков за нивното освојување на врвот Мон Блан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен најдобриот голфер на светот

Предраг Петровиќ

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

Ана Ололовска