Капело: Тешко кој ќе ги победи Нејмар и Меси

Од:

Италијанскиот фудбалски стручњак Фабио Капело изјави дека многу тешко некоја екипа ќе се справи со Барселона кога во составот ќе го има аргентинско – бразилскиот тандем, Меси – Нејмар.

– Нејмар е играч со единствен квалитет, поседува брзина, техника, шутира подеднакво добро со двете нозе и знае секогаш да ја најде најдобрата позиција. Тој заедно со Меси ќе бидат постојана опасност по противничките голмани. Барселона има напад способен за постигнување погодоци во секој момент, а тоа е многу важно ако целта е освојување трофеи во сите натпреварувања, потенцира Италијанецот.

Капело во својата тренерска кариера, во шпанската Примера во два наврати го водел Реал Мадрид (1996-97 и 2006-07). Во летниот преоден рок голем интерес за негов ангажман покажа францускиот шампион ПСЖ, но не беше постигнат договор.

Во моментов Италијанецот е селектор на Русија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска