Играчот за врска на Челзи, Нголо Канте е прогласен за најдобар фудбалер на првите дуели од полуфиналните пресметки во Лигата на шампионите.
На натпреварот со Реал Мадрид (1:1) одигран пред три дена, Французинот имаше 86% точни додавања.
За наградата беа номинирани и напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, играчот за врска на Манчестер сити, Кевин де Брујн и играчот за врска на Пари Сен-Жермен, Анхел Ди Марија.
Реваншите од полуфиналето во елитното фудбалско натпреварување се закажани за 4 и 5 мај.