Канаваро кон Касиљас: Ти ќе станеш претседател на Шпанската федерација, а јас ќе го тренирам Реал

Од:

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и италијанската репрезентација Фабио Канаваро упати порака до поранешниот голман Икер Касиљас за време на карантинот поради коронавирус.

Италијанецот се шегуваше за желбата на Шпанецот да се кандидира за претседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ).

– Ти ќе станеш претседател на федерацијата, а јас ќе го тренирам Реал Мадрид, рече Канаваро.

Канаваро изрази восхит и за работата на селекторот на Реал Мадрид Зинедин Зидан.

– Морам да му честитам на Зиза. Начинот на кој управува со тимот, начинот на кој комуницира со навивачите … Тој е одличен. Тој работи неверојатно, нагласи Канаваро.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска