Каљари стигна до изненадувачка 2:1 победа на гостувањето кај Аталанта во Бергамо, за да го продолжи „препородот“ под Валтер Мацари и во исто време да ја зголеми кризата на домаќините, кои сега имаат само една победа во последните шест меча и им „виси“ четвртото место на табелата.
Уругваецот Гастон Переиро ги донесе гостите во водство во 50. минута од мечот, за само две минути подоцна Аталанта да остане со играч помалку по црвениот картон на Хуан Мусо. И покрај тоа, Аталанта израмни преку Хозе Паломино во 64. минута од мечот, за Переиро да го постигне и својот втор гол во 68. минута за големи три поени за клубот од Сицилија.
Аталанта останува четврта со 43 поени, дури 10 поени зад лидерот Интер, и само поен пред Јувентус, кои вечерва играат со Верона. Каљари сега се на 16. место со 20 поени, два поени над зоната за испаѓање.