Кака останува проблем на Реал

Од:

Бразилскиот интернационалец Рикардо Кака веќе четврта година е член на Реал Мадрид, но и покрај тоа што повеќе седи на клупата на резерви отколку што игра, од клубот добива девет милиони евра годишна плата.

Токму висината на платата е главната пречка за негов трансфер во друг клуб, бидејќи и новиот тренер Карло Анчелоти дал дозвола Кака да си оди.

Од „Кралскиот клуб“ изјавија дека водени се преговори со повеќе клубови заинтересирани за 31-годишниот Бразилец, но неговото инсистирање да не му се намалуваат годишните примања се причината за пропаѓањето на сите преговори.

– Кака не сака ниту да чуе да оди во друг клуб за помалку од платата што ја добива кај нас. Од друга страна никој не сака да плаќа толкава сума за него имајќи ја предвид неговата форма, велат од Реал.

Кака во Реал пристигна од Милан во 2009 година, а мадриѓаните за трансферот платија 65 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска